Навивачите на Челси зачудени: Сари не знаел за трансферот на Пулишиќ!? (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари откри дека не знаел за трансферот на Кристијан Пулишиќ во неговиот тим, иако бил запрашан што мисли за неговите квалитети.

Да потсетиме, американскиот репрезентативец потпиша за Челси во трансфер вреден 64 милиони евра, но ќе остане во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната.

Сари добил прашање од управата да објасни што мисли за квалитетот на Пулишиќ, но никој не му објаснил дека всушност тие ќе го купат.

„Не знаев ништо за Кристијан Пулишиќ. Клубот ме праша за мое мислење за него и јас кажав позитивна оцена. Денеска дознав дека трансферот е готов. Јас не сум одговорен за маркетот, туку морам да мислам на натпреварите. Ние играме на секои три дена“, вели Сари.