Надал донира милион долари за жртвите од поплавите во Шпанија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе донира милион долари на семејствата настрадани во поплавите, кои се случија во октомври во Мајорка.

Надал, кој е роден на Мајорка, во тие денови беше на островот и веднаш им помогна на жртвите за да се санираат последиците од полавите.

Легендарниот Шпанец со лопата и метла во рака помагаше во чистењето, а сега планира да донира дури милион долари.

„Знаевме дека е голем човек, како и тенисер. Му благодариме од срце“, порача градоначалникот на погоденото место.