Наинголан со ефектен гол дебитираше за Интер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер ја запишаа својата прва победа во новата сезона во Серија А откако со 3:0 славеа на гостувањето во Болоња.

Натпреварот не понуди којзнае каков фудбал, посебно не во првото полувреме кое заврши без голови.

Првиот гол падна дури во 67. минута кога Нероазурите стигнаа до водство. Стрелец на голот беше Раџа Наинголан кој погоди на своето деби за Интер.

На 2:0 зголеми Антонио Кандрева кој конечно го прекина долгиот голгетерски пост, додека конечниот резултат го постави Иван Перишиќ.