Наполи стравува: Потребни се засилувања, но потребно е да го сочуваме костурот на екипата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наполи овој јануари го очекува тешка задача на фудбалскиот пазар.

Освен што е потребно да се пронајдат засилувања кои барем малку ќе го доближат тимот во битката за скудетото, „Партенопеите“ ќе мораат и да го сочуваат костурот на екипата.

Навивачите се плашат дека Кулибали би можел да го напушти клубот веќе овој преоден рок, но засега единствено е сигурно заминувањето на Марко Рог.

Хрватот нема голема минутажа покрај големата конкуренција во екипата и беше јасно дека му се подготвува заминување.

Фиорентина беше првата која понуди решение, меѓутоа во игра потоа влезе и Шалке, па Наполитанците ја одбија понудата од „Лилаковите“.

Засега не е познато дали Германците му понудиле трансфер или позајмица со или без откуп, но многу е веројатно дека Хрватот ќе го напушти Сан Паоло.