Нејмар разочаран: Мора да се знае некој ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар е еден од играчите на ПСЖ кои синоќа заработија жолт картон во средбата со Наполи на Сан Паоло.

Мечот заврши 1-1, а Нејмар на крајот од натпреварот заработи жолт картон поради приговор, откако иронично му аплаудираше на судијата Куиперс.

„Начинот на кој судијата ти третираше фудбалерите покажува недостиг на почитување. Затоа изгубив контрола и му реков некои работи, па ми даде жолт картон. Не ми е гајле што судиите грешат, но некој ред мора да се знае, а го осудувам бидејќи не се однесуваше како што треба спрема нас. Се надевам дека челниците ќе превземат нешто околу тоа прашање“, рече Нејмар.

Од натпреварот и резултатот Бразилецот не беше задоволен.

„Тешко ми е сега да изјавам нешто, но мислам дека резултатот не е добар. Овде дојдовме да победиме, никогаш не размислуваме за нерешен резултат. Не сум задоволен, си одам дома многу фрустириран и изиритиран“.