Ноер е најдобар голман во 2016 година, втор е Буфон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот Мануел Ноер, голман на Баерн, Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го избра за најдобар во 2016 година.

На интернет страницата ИФФХС соопштено е дека на овогодинешното гласање на кое учествуваа новинари и стручнаци од 56 земји, избран е најдобриот голман во 2016 година.

Ноер со 156 поени убедливо се најде на првото место и така ласкавата титула ја однесе четврт пат по ред.

Џанлуиџи Буфон, голман на Јувентус, кој четири пати беше најдобар голман, овој пат со 91 поени  остана на второ место, а трет беше Руи Патрисио, голман на португалската фудбалска федерација кој имаше 50 поени.

Резултатите од гласањето изгледаше вака:

  1. Мануел Ноер (Баерн Минхен) 156 поени
  2. Џанлуиџи Буфон (Јувентус) 91
  3. Руи Патрисио (Спортинг Лисабон) 50
  4. Клаудио Браво (Барселона/Манчестер Сити) 45
  5. Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед) 37
  6. Јан Облак (Атлетико Мадрид) 31
  7. Уго Лорис (Атлетико Мадрид) 29
  8. Кејлор Навас (Реал Мадрид) 18
  9. Тибо Куртоа (Челси) 18
  10. Денис Онианго (Мамелоди Сандаунс) 5