Обложувалниците случајно открија кој ќе биде тренер на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид заигра многу подобро по заминувањето на Хулен Лопетеги, односно под водство на привремениот тренер Сантијаго Солари.

„Кралевите“ запишаа три победи по ред под водство на Солари, па обложувалниците му го намалија коефициентот на само 1,5.

Дури 40% повеќе од обложувалничарите повеќе вложувале пари на него, отколку на Арсен Венгер, кој исто така кажа дека не преговарал со „кралевите“, па поради тоа обложувалниците решија да го тргнат тој тип.

Солари е уште привремен тренер на Реал, но се очекува од клубот во наредните денови да добие договор барем до крајот на сезоната.

Инаку, во конкуренција за наследник на Лопетеги беа Маурицио Покетино, Жозе Мурињо, Антонио Конте и многу други.