Ова е составот на Барса за дербито во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике сега повеќе ништо не сака да ризикува.

Како што пренесува каталонски Спорт, Луис Енрике не сака повеќе ништо да експериментира и во недела на Висенте Калдерон ќе го извади најсилниот можен состав.

После поразот на Реал Мадрид во Валенсија, Барселона повторно има надеж да се бори за титула, поради тоа што има бод помалку, но и меч повеќе.

Недела може да биде клучен ден во продолжението на борбата, поради тоа што Барселона гостува на Атлетико, а Реал на екипата на Виљареал, и тоа може да биде дополнително да ги промени работите.

Луис Енрике сака да ја подигне екипата, да проба да ги сврти работите во своја корист, а Спорт најавува дека овој е составот кој го уигрува за недела од 16:15 часот.

Тер Штеген – Роберто – Пике, Умтити, Алба – Бускетс, Ракитиќ, Иниеста – Меси, Суарез, Нејмар.

Доколку Барселона победи, а Реал киксне на Мадригал, Каталонците ќе бидат лидери на табелата, но со меч помалку.

Сепак, Барса ја очекува далеку потешка работа отколку Реал, кој кај Виљареал гостува истиот ден од 20:45 часот.