Одличниот Фу му оддржа лекција на Хигинс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марко Фу е победник на Скотиш Опен, снукер турнир кој се играше во Глазгов за награден фонд од 366.000 фунти.

Фу, кој во текот на цела година беше во лоша форма во последно време ја крена својата форма, а во Глазгов покажа дека моментално е еден од најдобриот снукер играч на светот.

Во финалето Фу играше против Џон Хигинс, кој во финалниот натпревар влезе како фаворит.

И одлично Хигинс го отвори натпревари, водеше со 4:1, но потоа Фу направи целосен пресврт и стигна до победата.

Тој така доби награда од 70.000 фунти.

„Ова е најверојатно мојата најдобра победа во кариерата.“