Од Барселона со шокантна понуда за искусниот стопер на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Барселона во слендиот период ќе се обидат да донесат засилување во одбраната со оглед на фактот што Ернесто Валверде има најголем проблем кога во прашање е последната линија од теренот.

Во јавноста се шпекулира со неколку имиња како можни јануарски решенија за одбраната, а медиумите во Англија пренесуваат дека и Давид Луиз е меѓу тие решенија.

31 годишниот Бразилец игра константно под водство на Маурисио Сари и тешко дека од Челси ќе го пуштат играчот да замине сред сезона.

Луиз беше во немилост на Конте кој многу ретко му даваше шанса за настап, но сега Сари редовно го сместува во првите 11 на клубот.