Официјално: Манчестер сити и Џо Харт се разделија (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џо Харт реши да замине од Манчестер сити и потпиша две годишен договор со Барнли, а истиот може да го продолжи на уште една и наводно ќе добива по 3,5 милиони фунти годишно.

Харт имаше две неуспешни позајмици. Најпрво во Торино, а потоа и во Вест хем, кои не решија да го откупат, па Англичанецот ќе мора среќата да си ја побара во Барнли.

Да потсетиме, Харт играше добро до моментот кога пристигна Пеп Гвардиола како стратег на „граѓаните“, по што Англичанецот се соочи со тежок период.