Официјално: Челси потпиша со Кристијан Пулишиќ! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд и Челси потврдија на социјалните мрежи дека екстра талентираниот американски репрезентативец, Кристијан Пулишиќ ќе се пресели во Премиерлигата за 64 милиони евра. Сепак, до крајот на сезоната ќе остане на позајмица во германскиот клуб.

Одличниот американски фудбалер беше член на „милионерите“ од 2015 година, а веднаш покажа дека станува збор за голем талент, кој во претходните три ипол години одигра 114 натпревари и постигна 15 голови.

„Пулишиќ сонуваше за да игра во Премиерлигата. Поради тоа ние решивме да ја прифатиме понудата на Челси, но ќе остане во наши редови до крајот на сезоната. Сигурен сум дека ќе даде максимум во наредните месеци“, вели спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Зорц.

Инаку, Пулишиќ стана најскапиот Американец во историјата, а директорката на Челси, Марина Грановскаја кажа дека е задоволна што купила еден од најдобрите млади фудбалери во Европа.