Погледнете ја официјалната топка за Светското првенство

ФИФА ја претстави официјалната топка која ќе се тркала на терените во Русија за време на Светското првенство.

Топката го носи името Телстар 18 а е официјално производство на Адидас. Оваа топка е наследник на топката со која се играше Мундијалот во Мексико во 1970 година.

Телстар 18 во себе има вграден НФЦ чип кој праќа информации на телефонот на корисникот, што е иновативен технолошки скок во однос на сите топки на Светските првенства.