Позната судбината на Џејдон Сначо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Микаел Зорц истакна дека нема намера да го продава Џејдон Санчо иако за него постои интерес од неколку англиски тимови.

18 годишниот фудбалер блесна оваа сезона во дресот на Борусија Дортмунд, па медиумите низ Англија веднаш почнаа де шпекулираат дека тој би можел да се врати на Островот во трансфер вреден околу 100 милиони фунти.

Сепак, Зорц негира дека младиот фудбалер ќе го напушти „Сигнал Идуна Парк“ во летниот преоден рок.

„Џејдон ќе игра за Борусија Дортмунд следната сезона и ние дефинитивно го планираме тимот со него. Далеку сме од тоа да поставиме цена за Џејдон, но јас тврдам дека негов трансфер тешко дека ќе се случи дури и да ни тропнат на врата најголемите клубови во овој момент“ –истакна Зорц.