Последна искра надеж: Манор доби рок до крајот на месецот

Екипата на Манор доби рок до крајот на месецот да најде нови сопственици, инаку дефинитивно ќе престане да постои.

Администрацијата обезбеди плати за јануари, па така постои и понатаму минимална шанса овој тим да остане во Ф1.

Доколку се случи такво нешто, Манор би ја почнал сезоната со болидот од минатата година, бидејќи едноставно нема време и пари за развивање на нов.

Сопственикот Стивен Фиспатрик изјави дека е во разговори со неколку потенцијални купувачи, но дека не се големи оптимисти. Тој изјави дека голем удар за тимот бил и фактот дека ќе го изгубат претпоследното место во шампионатот, што донесуваше дополнителни 10 милиони фунти.