По сите навреди и „самари“ на неговиот грб, се огласи и Иван Перишиќ…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ и по јануарскиот преоден рок остана во Интер.

Во изминатиот месец многу се шпекулираше за заминувањето од „Џузепе Меаца“, беше истакнато дека Перишиќ изразил желба за трансфер, но ниту еден клуб на крајот не испрати доволно добра понуда за Интер.

Со инсистирањето на заминување, Перишиќ во меѓувреме ја загуби поддршката од навивачите, кои од ден во ден го честат со навреди, но од моментот кога Интер објави дека сака да замине, тој не се огласуваше. Сепак, сега го прекина молкот и испрати порака на својот инстаграм профил.

„По повод 30. роденден им се заблагодарувам на сите за честитките. Воедно, ви благодарам на пофалбите, но и на критиките. И едното и другото се мое гориво“, напиша меѓу останатото Перишиќ.

За услугите на Перишиќ во изминатите недели најмногу се интересираше Арсенал. Лучано Спалети во четвртокот по четвртфинлниот меч во италијанскиот куп потврди дека стигнала и понуда, но дека Перишиќ по размислувањето сфатил дека истата не ги исполнува неговите амбиции и дека е изневерен.