Проблем за Србија, Радуљица го пропушта Евробаскетот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србија ќе оди на медал на претстојното Европско Првенство, но ќе биде значително ослабена со неиграњето на Мирослав Радуљица.

Кошаркарската репрезентација на Србија отпатува во Германија каде ќе одигра пријателски турнир против Полска, Русија и домашната репрезентација, а од составот за ова патување испадна Радуљица поради повреда на коленото.

Искусниот центар со сигурност нема да биде спремен и за почетокот на првенството кој е закажано за 1. септември.

Добра вест за Србите е што Немања Недовиќ полека закрепнува од повредата на рамото и веројатно ќе биде подготвен за Евро собирот.