Прогласување на најдобар спортист во САД: Наградата по втор пат во рацете на Џејмс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилото на Кливленд, Леброн Џејмс е прогласен за најдобар спортист на САД.

Џејмс по втор пат во кариерата стигна до оваа награда, прв пат тоа му успеа во 2012 година.

„Оваа награда е голема чест. Но, знаете што мислам за поединечните награди, тие за мене немаат исто значење како тимските трофеи. Задоволен сум пред се поради своето семејство, јас лично не знам што да мислам за тоа.“

Џејмс оваа година го донесе Кливленд до првата титула во историјата.