ПСЖ пред комплетирање на трансферот на Паредеш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ се пред комплетирање на договор со фудбалерот на Зенит, Леандро Паредеш за кого е заинтересиран и тимот на Челси.

Сепак, парижаните ја добија битката за неговиот потпис, а Аргентинецот во текот на денешниот ден треба да ги одработи медицинските прегледи во Париз.

Челси беше во напредни преговори со Паредеш, но не планираа да платат сума од 40 милиони фунти за играч кој нема да биде прва опција во клубот.

На челниците на ПСЖ тоа не им пречеше и токму затоа стигнаа до неговиот потпис.