Пулишиќ потпиша за Челси, па испрати емотивна порака до Дортмунд (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијан Пулишиќ од денеска е нов фудбалер на Челси, каде што се сели за 64 милиони евра, но ќе остане во редовите на германскиот лидер Борусија Дортмунд до крајот на сезоната.

По реализираниот трансфер, Пулишиќ имаше емотивна порака до јавноста и им се заблагодари на управата и навивачите на „милионерите“.

„Драги навивачи на Борусија,

со тешко срце ви соопштувам дека влегувам во последните месеци од престојот во нашиот познат клуб. Како да беше вчера кога стигнав во Дортмунд како неискусен, возбуден, нервозен, но многу горд фудбалер од американско гратче.

Не знаев што ме чека, но наскоро открив дека сум во добри раце. Им се заблагодарувам на своите соиграчи за овие години. Ме прифативте како дете и го поделивте вашето искуство со мене.

Благодарение и до навивачите. Беше привилегија да се стои со вас на јужната трибина. На лето се селам во Челси и Премиерлигата.

Привилегија е да се потпише за таков легендарен клуб и се радувам на напорната работа за да станам член на екипата од врвни фудбалери. Се радувам на соработката со Маурицио Сари и стручниот штаб“, напиша меѓу другото Пулишиќ.