„Росонерите“ во транс: Милан најде ново засилување во Ла Лига?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во последно време ја подобри формата во италијанската Серија А, но сега се соочува со голем број на повреди, па поради тоа ќе се обидат тие да ангажираа некое засилување во јануари.

Едно од нив би можел да биде Станнислав Лоботка од Селта, кој во 2017 година стигна од Нордсјеланд и веднаш стана важен дел од шпанскиот клуб.

„Росонерите“ за неговиот потпис ќе мора да одвојат 50 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, но сега се појави уште еден проблем, а тоа е конкуренцијата од Интер и Наполи.

Сепак, Милан ќе се обиде да стигне до неговиот потпис во јануари, а доколку не успее, тогаш ќе побара други засилувања.