„Сакав да се вратам во тој клуб, но претседателот не ме сакаше“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лавеци даде интересно интервју за медиумите.

Лавеци мометантално игра во Кина за тимот на Хебеи, но европската јавност најмногу се сеќава на него од времето додека го носеше дресот на Наполи.

Аргентинецот во Наполи до 2007 до 2012 година кога премина во ПСЖ.

Лавеци изјави дека секогаш размислувал за враќање во редовите на Наполи.

„Секогаш размислував за можно враќање во Наполи, но мислам дека претседателот не сакаше да ме види таму. Ако еден ден се вратам во Италија, а тоа не биде Наполи, тоа е затоа што не ме сакале.“

„Имам многу убави спомени од Наполи и сеуште имам носталгија кон тој град. Навистина ми се допаѓа идентитетот кој Сари му го даде на тој тим, а неговиот стил на играње  е многу поинаков од претходно.“

Да потсетиме, Лавеци во Кина игра веќе 12 месеци, а за тоа време заработи 26 милиони долари.