Сара потврди дека Икер останува во Порто.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој нема да го менува тимот, а тоа го потврди и Сара.

Касиљас и наредната година ќе брани за Порто. Тој многу се поврзуваше со Марсеј во последно време, но поранешниот голман на Реал најверојатно ќе остане во Порто.

Тоа го потврди и неговата сопруга, која исто така нема ништо против тие двајца да останат во Португалија.

„Не го гледам во Марсеј. Икер сака да остане во Португалија и ќе продолжи да брани во Порто.“

Икер оваа сезона бранеше на 27 натпревари, а стигна во клубот во 2015-та година.