Светски куп: Мелг победи во Сљемен

Италијанскиот скијач Манфред Мелг на изненадување на сите победи на трката во Сљемен.

Второ место освои Феликс Нојројтер додека трет беше Хенрикл Кристоферсен.

Машката трка беше интересна и многу неизвесна. Малку кој веруваше дека победник може да биде Мелг.

Тој до победа во Загреб дојде по 8 години чекање. Ова му е 3-та победа во Светскиот куп и прва во Сљемен.

Марсел Хиршер кој последните 3 години победуваше во Загреб и кој е лидер во генералниот пласман заврши на 6-то место.