Семејството на Шумахер се реши за голема промена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поминаа пет години откако легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер тешко настрада во скијачка несреќа.

Германецот удри со глав аво карпа и имаше неколку операции, но за неговата здравствена состојба денеска многу малку се знае бидејќи семејството се реши на целосна приватност.

Единствено што се знае е дека Шумахер е во моментов во кревет во својот дом во Женева, но според странските медиуми, наскоро ќе се пресели во Мајорка, каде што неговата сопруга Корина купи куќа за 30 милиони евра.

Имотот од 5667 метри квадратни има два базени, голем двор, хелипорт… Инаку, претходно беше во сопствеништво на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Може официјално да потврдам дека Михаел Шумахер ќе дојде во нашето место. Подготвени сме за неговиот дочек“, кажа Катја.

И самиот Михаел во Мајорка доаѓаше претходно, а во 90. години сакаше да купи и имот.