Сензација на Ју-Ес опен: Осака ќе се бори против Вилијамс за трофејот!

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс ќе игра против најпријатното изненадување, Наоми Осака во големото финале во Њујорк.

Вилијамс стигна до победа од 2-0 во сетови (6-3 и 6-0) против Анастасија Севастова, па ќе се бори за седмиот трофеј на Ју-Ес Опен.

Од друга страна, Осака стана првата Јапонка која се пласирала во финале на еден грен слем турнир, откако ја победи Медисон Киз со 6-2 и 6-4.