Се запали боксот на Мекларен – тројца члена на тимот завршија во болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите во Формула 1 вчера учествуваа во видео-снимањето на патеката во Каталонија, а вчерашниот ден не беше најдобар за тимот на Мекларен, кои имаа проблем во боксот.

Во еден момент боксот на Мекларен се запали, па членовите успеаа да реагираат брзо и да го изгаснат пред да се прошири.

Тројца членови на Ф1 тимот на Мекларен беа примени во болница во Барселона по споменатиот пожар.

Од Мекларен соопштија дека членовите на екипата се добро и немаат потешки повреди, па од болница се пуштени по прегледите и даденат апомош.

Исто така, болидите на Мекларен останале недопрени, па на нив нема никаква штета по прегледите по гаснењето на пожарот.

Новата сезона во Ф1 почнува на 17 март со трката за Големата награда на Австралија.