Се огласи конечно Шакири врзано за средбата во Белград: Паметно што не отидов…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот фудбалер, Џердан Шакири конечно се одлучи да „проговори“ кога е во прашање натпреварот против Црвена Звезда во Белград.

За потсетувањето, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одлучи дека нема да го земе со себе Шакири во Белград на средбата од Лигата на шампионите, а како причина за тоа наведе дека тој и неговата екипа сакаат да мислам само за фудбалот, а не за политиката.

Германскиот стратег во таа прилика истакна дека Шакири добро ја примил неговата одлука и дека сфатил што значи тоа, а сега се огласи и самиот фудбалер кој зборуваше за Скај Спорт.

„Во Белград е врела атмосферата. Беше попаметно да останам во Англија и сите да се концентрираат само на фудбалот“, истакна Шакири.

За потсетување, Ливерпул на крајот ја загуби оваа средба со 2:0.