Синот на Роналдо со одличен потег ги воодушеви навивачите на Јувентус (ФОТО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера официјално беше претставен како ново засилување на Јувентус.

Роналдо вчера успешно ги помина лекарските прегледи, а потоа потпиша четиригодишен договор. Португалецот го дочекаа голем број навивачи на Јуве и уште сега е јасно кој ќе биде најголема ѕвезда на клубот.

Со Роналдо пристигна и неговото семејство, а во центар на внимание беше неговиот син Кристијано Јуниор, кој веднаш доби дрес на Јувентус, а потоа ги воодушеви навивачите со фотографија на социјалните мрежи.