Синот на Шумахер доаѓа во Ф1 во април!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мик, синот на Михаел Шумахер би требало да седне првпат во болид од Формула 1 и тоа по трката за Големата награда на Бахреин, која се вози на 31 март.

Синот на легендарниот возач е член на академијата на Ферари, а во 2018 година се натпреваруваше во европската Формула 3, каде што беше шампион.

Шумахер вози сезонава во Формула 2, а тоа го прави идеален кандидат да седне во болидот на Алфа Ромео на тестовите по Големата награда во Бахреин.

Во текот на сезоната на Ф1 има четири дена за тестирање и тоа по трката во Бахреин и Шпанија, а токму таму младите возачи ќе добијат шанса.

Мекларен го има Серж Сет Камара од Формула 2, Вилијамс го има Николас Латфифи, додека тест-возач на Алфа Ромео е ветеранот Маркус Ериксон, па поради тоа Мик би можел да добие шанса.

Од Алфа Ромео соопштија дека уште се преговара за тоа, но дека е многу важно да се избере вистинско време кога треба да им даде шанса на младите возачи.