Сите играат тенис во Шангај, а каде ли е Надал!? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека колегите на Рафаел Надал играат на Мастерсот во Шангај, Шпанецот беше на располагање на жителите на Мајорка.

Таму има големи поплави, па многу домови се уништени, а Надал реши да им помогне.

Секако, тоа не остана незабележано и веднаш фотографиите од него се најдоа на социјалните мрежи.

Инаку, Надал поради повреда нема да игра на турнирите во Пекинг и Шангај, но се очекува негово враќање наскоро.