Скандинавско финале на ракометниот Мундијал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Норвешка приреди своевидно изненадување победувајќи ја домашната Германија со 31:25 и со тоа стана вториот учесник во финалето на ракометниот Мундијал.

Во Хамбург видовме вистински борбен ракомет. Норвежаните имаа четири погодоци предност во вториот дел, но таа предност брзо се истопи, па во финишот видовме вистинска драма.

Сепак, Скандинавците го издржаа притисокот и од домашната публика, па на крајот заслужено се пласираа во големото финале.