Спектакл во Лондон: Вајт го „патосираше“ Чисора! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дилијан Вајт го победи синоќа Дерек Чисор во Лондон со нокаут во 11. рунда и ја одбрани титулата во ВБЦ Силвер и ВБО светски шампион.

Вајт и Чисор направија вистински боксерски спектакл, па размените на удари беа неверојатни и во 11 рунди беше забележан феноменален дуел.

Овие борци пред две години направија вистински спектакл во Манчестер, а победи тогаш Вајт со одлука на судиите, но синоќа стигна до триумф со страшен нокаут.

Вајт сега има 25 победи и еден пораз и најверојатно нов предизвикувач ќе му биде Џошуа, додека Чисора има 28 победи и девет порази.