Српскиот селектор збесна: Срам да ви е! Мојата баба може да игра како вас!

Селекторот на ракометарите на Србија, Ненад Перуничиќ беше бесен како рис во средината на второто полувреме на мечот против Бразил.

Во тие моменти беше 16-20, а во првото полувреме Србија имаше 10 минути без погодок, а тоа го налути селекторот.

„Срам да ви е! И мојата баба може да игра како вас“, распука Перуничиќ.

Да потсетиме, Србија го загуби мечот со 22-24 од Бразил во третиот дуел на Светското првенство.