Стариџ ја завршува својата ера во Ливерпул, на прагот е преселба во Примера?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Даниел Стариџ ги одработува последните шест месеци од договорот со Ливерпул и сите информации се дека по завршувањето на сезоната ќе се прости од „Енфилд“.

Англискиот напаѓач поради честите повреди го загуби местото во екипата на Јирген Клоп, па управата не сака да ја продолжи соработката со 29-годишниот фудбалер.

Како што стојат работите, некогашниот напаѓач на Манчестер Сити и Челси не само што ќе го напушти Ливерпул, туку и Англија, со оглед на тоа дека еден клуб од Шпанија покажа сериозен интерес за неговите услуги.

Во прашање е Реал Бетис кој во последно време се повеќе средства вложува во засилувања и прави екипа за четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите.

Амбициозната управа во Стариџ гледа идеално засилување, би го добиле без обештетувања, па сериозно размислуваат веќе да повлечат конкретни чекори по прашање на неговиот ангажман, со оглед на тоа дека имаат право според Босмановото правило.

Бетис игра напаѓачки фудбал, со брзи офанзивци, Стариџ секако добро би се вклопил во таа филозофија, па преминувањето во Андалузија, би можело да биде добар потег за англискиот напаѓач.