Стигна како големо засилување, а по шест месеци ќе летне од Интер како – „партал“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер летоска го ангажираше Кеита Балде од Монако како големо засилување на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот.

„Нераѕурите“ вложија многу труд за да го ангажираат Кеита во свои редови, но очигледно залудно им беше маката бидејќи италијанските медиуми шпекулираат дека Кеита по само шест месеци ќе го напушти Интер и ќе се врати во Монако.

Кеита не играше премногу во досегашниот дел од сезоната во Интер, каде што најчесто беше на клупата со резервни фудбалери, па во јануари би можел да се врати во Монако.

А, доколку не се случи тоа и остане Балде во Интер до крајот на сезоната и тие решат да го откупат, тогаш ќе мора да платат 30 милиони евра за неговите услуги.