Стигна понуда за Балотели!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Балотели и понатаму не знае што ќе прави во иднина, а не се знае ниту дали ќе остане во Ница наредната сезона.

Оваа сезона тој беше еден од најдобрите играчи на Ница, успеа да постигне 17 голови во сезоната, па му помогна на тимот да се пласира во ЛШ.

Сепак, не се знае дали ќе остане во тимот.

Интерес за него постои, а најголемиот доаѓа од Сампдорија која беше заинтересирана за него и пред почетокот на оваа сезона.

Причина за новиот интерес на Сампдорија може да се побара и во потенцијалното заминување ан Шик во Јувентус и Муриел во некој подобар тим.

Раиола е веќе исконтактиран, а Балотели би можел да се пресели во блиска иднина.