Талентот на Реал Мадрид пред трансфер во Наполи

Агентот на фудбалерот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими истакна дека би сакал да го види неговиот клиент во дресот на Наполи каде тренер е Карло Анчелоти кој прв му даде шанса на Мароканецот.

Хакими не добиваше многу шанса во дресот на Реал Мадрид минатата сезона и одигра само девет натпревари во Ла Лига на кои постигна два гола.

„Тој е играч на Реал Мадрид, но клубот не не информира за нивната намера тој да замине. Би сакал да го видам играчот да се пресели во Наполи и среќен сум што Анчелоти го посакува“ –коментираше агентот на Хакими.