Трансфер целта на Интер сака да си замине од Сасуоло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Сасуоло, Алфред Данкан потврди дека сака да си замине од тимот ова лето.

Данкан кој настапи на 88 натпревари за Сасуоло по неговиот трансфер од Сампдорија во 2015 година, сериозно се поврзува со трансфер во Интер.

„Веќе разговарав со луѓето во клубот кои перфектно ги разбираат моите потреби. Сега ние треба да чекаме на вистинската понуда“ –коментираше 25 годишниот фудбалер.

Интер се посочува како најсериозен кандидат за играчот кој потекнува од нивната позната школа.