„Убеден сум дека можеме да имаме добар викенд“

Возачот на Ферари, Фетел смета дека неговиот тим нема од што да се плаши во Монако.

Ферари во Монте Карло нема победено од 2001-та година, кога низ целта прв помина Шумахер. Меѓутоа, Ферари во оваа сезона влезе одлично и во сите пет трки се бореа за победа.

„Имаме силен пакет и силен тим, па така нема од што да се плашиме. Мерцедес е тука во последните неколку години многу силен, но убеден сум дека ние ќе имаме добар викенд.“

„Мислам дека пол позицијата е возможна. Мораме да влеземе во ритам, затоа што довербата во Монте Карло е важна. На крајот, мора да верувате во својот болид. Убеден сум дека имаме начин за да ја пронајдеме формулата за победа.“