Фантастични квалификации во Германија, Фетел од првата позиција на утрешната трка (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел стигна до пол позицијата пред утрешната трка за Големата Награда на Германија.

Вистинска битка се водеше на патеката Хокенхајм каде до последниот круг Ферари ги имаше позициите  еден и два, но тогаш возачот на Мерцедес, Валтери Ботас со феноменален круг стигна до пол позицијата.

Сепак, тоа траеше само околу половина минута затоа што Фетел беше повторно рекордно брз и во последниот круг дојде до пол позицијата.

Вториот возач на Ферари, Кими Раиконен утрешната трка ќе ја стартува од третата позиција, додека четврт ќе тргне младиот пилот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Третиот ред го комплетираат Кевин Магнусен и Роман Грожан, додека во првите десет ќе стартуваат и  Хулкенберг, Сајнц, Леклерк и Перез.

Луис Хамилтон во втората квалификациска фаза излета од патеката и утрешната трка ќе ја почне од 14. позиција.