Фетел прв на целта на фантастичната трка во Силверстоун


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел е победник на трката за Големата Награда на Британија која се возеше на патеката „Силверстоун“.

Десеттата трка од сезоната беше возена на славната патека „Силверстоун“ на која Германецот Фетел имаше одличен старт и веднаш ја презеде водечката позиција, за на крајот да ја слави четвртата победа во сезоната.

Второто место му припадна на Луис Хамилтон кој на самиот старт на трката имаше судир со Кими Раиконен и веднаш падна на 17. позиција. Третото место го зазеде токму Финецот од редовите на Ферари.

Во генералниот поредок Фетел е на првата позиција со 171 бод, додека Хамилтон е на втората позиција со осум бодови помалку. Раиконен е трет со 116.