ФИФПро ги одбра најдобрите за 2016: Шпанците доминираат, Англичаните ги нема никаде!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најблиску да избори место во тимот бил Погба, односно два гласови му недостигале.

ФИФПро тимот за 2016 година е следниот:

Ноер – Алвеш, Пике, Рамос, Марсело – Иниеста, Модриќ, Крос – Меси, Роналдо, Гризман.

Како што може да видиме, шпанските клубови доминираат. Исклучок е само голманот на Баерн и играчот на Јувентус.

Медиумите пишуваат дека единствените два играчи кои се избрани во идеалниот тим од ПЛ во оваа деценија се Видиќ и Руни во 2011 година.

Руни е последниот Англичанец кој е избран во ФИФПро тимот на годината.