Хамилтон ја освои Монца и опасно се доближи до титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион Луис Хамилтон забележа нова победа во Формула 1 откако славеше на легендарната патека Монца и со тоа дополнително ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел.

Британецот ги искористи сите шанси кои му ги понудија возачите на Ферари и иако стартуваше од третата позиција на крајот се искачи на највисокото место на подиумот.

Веќе во првиот круг го помина Фетел,  а потоа ја доби борбата и со Кими Раиконен за првото место.

На крајот трет заврши Ферстапен кој заработи казна од пет секунди поради која падна за две позиции, па така третото место му припадна на Ботас, додека четвртото на Фетел.