Шик прави голем трансфер, а можеби и голема грешка?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот играч Патрик Шик ја воодушеви јавноста во својата дебитантска сезона во Серија А.

Тој во дресот на Сампдорија постигна 11 голови на 32 натпревари и привлече големо внимание на себе.

За Шик интерес покажа и Интер, но и техничкиот директор на тимот од Милано, Сабатини кој во последната изјава откри што ќе прави Шик.

„Шик во Интер? Мислам дека нема да има ништо од тоа и дека ќе потпише за Јувентус“

Шик во Сампдорија стигна минатото лето од Спарта Прага за 4 милиони евра, а сега може да замине за 25 милиони евра.