Што се Мбапе барал од ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килиан Мбапе стана член на ПСЖ во летото 2017. година. Парискиот клуб го доведе за цифра од 180 милиони со додатни бонуси, а 19 годишниот напаѓач во овој тим заработува о17.5 милиони евра годишно.

Сепак, оваа цифра е значително помала кога ќе се оданочи, па Мбапе според Football Leaks поставил занимливи услови пред Парижаните.

Побарал 55 милиони евра нето за пет години, а покрај парите како услов во договорот ставил постојано користење на приватен авион и побарал гаранција дека ќе биде најплатен играч во клубот доколку ја освои Златната топка.

Фактот дека е се поблиску до освојувањето на оваа награда, иако има само 19 години, може да добие уште некој милион плус од сопствениците на клубот, но очигледно е дека тие ќе се согласат на се со цел тој да остане во клубот.

Мбапе блеска во дресот на ПСЖ. Веќе сега е еден од најдобрите фудбалери во светот и ваквите услови сигурно без причина не го поставил.