„Ѓаволска“ доминација во Премиер Лигата: Солскјер и Рашфорд ги собраа индивидуалните признанија за јануари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Феноменалните игри на последните десет натпревари откако е тренер на Манчестер Јунајтед го сторија своето, па Оле Гунар Солскјер се закити со наградата- Менаџер за месец јануари во Премиер лигата.

Интересно е што Солскјер е првиот добитник на оваа награда по Сер Алекс Фергусон. По пензионирањето на легендарниот стратег, ниту Дејвид Мојс, ниту Луи Ван Гал, а ни Жозе Мурињо не успеаја да стигнат до ова признание.

Да не беше ремито со Барнли, Солскјер ќе имаше перфектен старт на тренерската кариера во Манчестер Јунајтед.

И втората индивидуална награда во Премиер лигата замина во рацете на член на Манчестер Јунајтед. Младиот Маркус Рашфорд беше прогласен за Играч на месец јануари во Премиер лигата.

Англичанецот „воскресна“ под водство на Оле Гунар Солскјер и месецот што измина на шест натпревари постигна три погодоци.