Ѕвезди кои финалето во ЛШ го поминаа на клупа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЛШ е најквалитетното и најгледаното фудбалско натпреварување на планетата.

Секој фудбалер на почетокот на кариерата сонува за тоа еден ден да заигра во ЛШ.

Сепак, само ретки ја имаа честа да играат во финале на ЛШ.

Тоа што може да биде најтажно за играчите таа ноќ е да го поминат натпреварот на клупата.

Многу големи ѕвезди стигнуваа до финалето на ова натпреварување, но некои од нив често седеа на клупата.

Некои поради лошата форма во тој момент, некои поради староста, а некои и поради лошиот однос со тренерот на тимот.

  1. Сантијаго Канизарес

Еден од најпознатите голмани кои Шпанија некогаш ги имаше. Својата кариера ја почна во Реал Мадрид во 1988 година, но најпознат е како голман на Валенсија. За нив играше од 1998 до 2008 година кога ја заврши кариерата.

Сепак, тој засекогаш ќе го запамети финалето во 1998 година на Реал против Јувентус, кое го помина на клупата затоа што голман на Реал тогаш беше Илгнер. Сепак на крајот тој беше шампион.

  1. Дидие Дешам

Познатиот француски дефанзивец Дидие Дешампс играше за Валенсија само 1 сезона и тоа на крајот на својата кариера. Беше тоа во сезоната 2000/01 кога имаше само 8 настапи за Валенсија. Тогаш играа тие во финалето на ЛШ, но Дешампс го помина натпреварот на клупата.

Валенсија го изгуби натпреварот од Баерн по пенали.

  1. Робин Ван Перси

Еден од најдобрите напаѓачи на Холандија во последните 10 години играше за Арсенал од 2004 до 2012 година. Подоцна премина во Јунајтед и таму играше 3 сезони. Беше член на генерацијата на Арсенал која играше финале во ЛШ во 2006 година, но не влезе во игра.

Тогаш Барселона победи со 2:1.

  1. Марио Балотели

Овој играч играше за Интер, но Мурињо не му даде шанса во 2010 година во финалето. Интер тогаш играше против Баерн, а на крајот победија со 2:0.

Подоцна тој премина во Сити, па во Милан, Ливерпул и сега е член на Ница.

  1. Емануел Адебајор

Познатиот напаѓач играше за Монако од 2003 до 2006 година. Токму во сезоната 2003/04 Монако играше финале во ЛШ против Порто, а тогаш 20-годишниот играч го помина натпреварот на клупата.

Подоцна премина во Арсенал и тоа откако Арсенал играше финале против Барселона, па така никогаш повеќе во кариерата немаше шанси да заигра во финале.

  1. Денис Бергкамп

Тој во текот на кариерата играше само за 3 клубови – Ајакс, Интер и Арсенал, а со овие последните играше финале во ЛШ во 2006 година.

Тогаш имаше 37 години и сосема е јасно поради што не влезе во игра во тоа финале. На крајот Арсенал изгуби 2:1 од Барселона, а Бергкамп по тој натпревар се прости.

  1. Елвир Баљиќ

Дигра 11 натпревари во текот на кариерата за Реал. Во финалето во 2000-та година тој седеше на клупата кога Реал ја победи Валенсија со 3:0.

  1. Чави

Чави е еден од најдобрите играчи за врска кои некогаш играа фудбал. Тој е една од најголемите легенди на Барселона во историјата, но тоа не му помогна да игра во финале на ЛШ во 2006 година.

Тогаш за тимот играа Ван Бомел, Деко и Едмилсон, а Иниеста влезе од клупата додека Чави не ја имаше таа чест. Сепак на крајот доби медал за освоената титула во ЛШ.

  1. Андриј Шевченко

Познатиот играч никогаш нема да го прежали тоа што во 2006-та година замина во Челси.

Многу лоши работи го следеа во клубот. Освен што не можеше ниту во сон да постигне гол и што не играше финале во ЛШ, тој дури не го ни освои натпреварувањето со Челси затоа што Тери се лизна во важен момент.

  1. Ривалдо

За крај ја оставивме најголемата ѕвезда на оваа листа.

Освен тоа, Ривалдо најверојатно беше најголема ѕвезда во тие години во светот, но тоа не го убеди Анчелоти да му даде шанса во финалето во 2003 година. Ривалдо тогаш имаше 31 година, а единственото финале во ЛШ го помина на клупата.

Милан по пенали победи против Јувентус, па Ривалдо сепак стана шампион.