Јавноста шокирана: Како ли можеше Ибрахимовиќ на овој начин да го честита Божиќ (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието поради божиќната честитка.

Многумина познати личности преку своите профили на социјалните мрежи денес испратија честитки на сите оние кои го слават Божиќ, а еден од првите кои се огласи беше и Златан Ибрахимовиќ. Сепак, честитката на напаѓачот на ЛА Галакси во јавноста не беше сфатена баш онака како што тој сакаше.

Повеќето ја осудија фотографијата која Ибрахимовиќ ја постави на Инстаграм покрај божиќната честитка. На фотографијата се наоѓа фигура на џуџе кое го покажува средниот прст што предизвика доста негативни коментари кај неговите фанови, но и јавноста.

„Среќен Божиќ“, кратко напиша Ибрахимовиќ покрај спорната фотографија.

 

View this post on Instagram

 

Merry Chriztmaz

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on