Ја кажаа цената! Поради ова „карамелите“ ќе му застанат во грло на Конте!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клубот го соопшти своето барање, а тешко може да се поверува дека некој би го платил ова.

Целта е Челси е јасна, да го продаде Коста и да ги донесе Лукаку и Санчез. Ако не успеат да го донесат Санчез, тогаш опција е Мората.

Но кога стапија во контакт со Евертон за Лукаку кој сака да се врати во Челси, ги дочека неверојатен одговор.

Тие се подготвени да го продадат Лукаку, но цената изнесува 120 милиони евра.

Тоа би бил нов светски рекорд, а јасно е дека Челси нема да го плати тоа, затоа што нивната проценка е дека Лукаку вреди најмногу 80 милиони евра.

Лукаку има договор до 2019-та година, па сега се е на Раиола.

Лукаку го сака и Јунајтед, но по се изгледа дека тие тешко дека ќе срушат нов светски рекорд, ако замине Ибра, тогаш Лукаку би бил логично решение.

Секако, Куман бара од Евертон да го задржи напаѓачот и дополнително да го засили тимот за да нападне место кое води во ЛШ наредната сезона.

Лукаку сака да замине, а сепак треба да се каже, дека ако не замине ова лето, тогаш цената ќе му падне во наредната година.

Раиола неодамна потврди дека 99.9% Лукаку ќе остане во Евертон, но малкумина му веруваат.